среда, 20. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Голем пожар во близина на Пиза, евакуирани стотици лица

Голем пожар во близина на Пиза, евакуирани стотици лица

Во ридовите во близина на италијанскиот град Пиза, во регионот Тоскана, избувна голем пожар поради кој се евакуирани стотици жители на околните села.

Локалните медиуми јавија дека поради силниот ветар, кој дува до 40 километри на час, гаснењето на пожарот, во кое помагаат и два канадери, е многу отежнато. Четири хеликоптери не можат да полетаат, а тосканските пожарникари очекуваат помош од екипи од околните региони.

Евакуираните граѓани се сместени во локални спортски сали.

За сега нема информации за жртви, додека властите стравуваат дека пожарот ќе стигне до населени подрачја.

МИА