Ги закачи копачките на клин, па засади марихуана. Марк Брешано, легендарниот австралиски репрезентативец и поранешен фудбалер на Лацио, Емполи, Палермо и Парма има нова работа.
Некогаш беше фудбалер, а сега одгледува канабис кој се користи во медицински цели. 38 годишниот поранешен фудбалер живее во Мелбурн, а баш таму и се наоѓа неговата фарма.
-Овие денови вложувам пари во недвижнини, но се занимавам и со култивизирање на канабисот. Учам со партнерот кој работи на производство лекови на база на марихуана, а се би требало да почне во наредната една година. Копанијата со вика Гринхоу. Набавивме дозволи, направивме сајт, но и понатаму имаме многу работа. Во овој момент одиме во САД, Канада и Европа, како би учеле од експерти, истакна тој и додаде:
-Ми недостасува фудбалот.
Дали очекувавте дека овој легендарен фудбалер ќе заврши ја кариерата баш на ваков начин?