недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Шокантни сознанија: Катастрофата во Индонезија можеше да биде спречена, предупредувањето за цунами било прерано повлечено?

Шокантни сознанија: Катастрофата во Индонезија можеше да биде спречена, предупредувањето за цунами било прерано повлечено?

Индонезиската Агенција за геофизика се соочува со критики бидејќи прерано го укинала предупредувањето за појава на цунами по силниот земјотрес од јачина од 7,5 степени по Рихтер.

Од земјотресот и цунамито кои го зафатија градот Палу кој е одалечен околу 1.500 километри од Џакарта, загинале најмалку 405 лица. Официјалните лица наведуваат дека ова најверојатно нема да биде конечната бројка.

Повеќе од стотина луѓе се собрале на плажа поради фестивал кога брановите високи до шест метри го зафатиле тоа подрачје.

Агенцијата соопштила дека ги пратела стандардните оперативни процедури и го тргнале предупредувањето врз основа на добиените податоци од најблискиот сензор одалечен околу 200 километри од Палу.

-Немаме положби за следење во Палу. Мораме да ги користиме корисниците кои сме ги добиле и се е направено врз основа на тоа, истакнал шефот на Центарот за земјотреси и цунами при Агенцијата.

Тој нагласил дека најблискиот мерач на плима кој регистрира промена во нивото на морето забележал само беззначаен бран од шест сантиметри, а не големи бранови.