понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Десетици повредени во уривање на галеријата на берзата во Џакарта

Десетици повредени во уривање на галеријата на берзата во Џакарта

Галеријата над приземниот дел од индонезиската берза во главниот град Џакарта се урнала во понеделникот и притоа се повредени 72 вработени и други лица, пренесува агенцијата Bloomberg повикуваји се на официјални извори.

„Луѓето се повредени и пренесен се со возила на брзата помош. Нашите напори се насочени на помош на жртвите“, изјавил за новинарите портпаролот на полицијата во Џакарта, Арго Јувоно.

Најмалку 28 лица се хоспитализирани во блиската болница, соопштиле болнички извори.

Галеријата се урнала околу пладнето по локално време, кога вработените биле на пауза за ручек, врз отворен простор во кој имало кафуле и често се собирале туристи, изјавила за CNN вработена на берзата Валентина Симон.

„Слушнав грмење и луѓе како врескаат“, изјавил Џонатан Тарнип, кој работел во зградата.

„Вториот кат од зградата се урна“, рекол Винди, личен помошник на престедателот на берзата, Тито Сулистио, кој бил во зградата во тој момент. Додал да берзата по привремениот прекин во работата повторно била отворена.

Повредените биле изнесени на носилки, рекол за агенцијата Reuters еден од очевидците, а полицијата го блокирала подрачјето околу берзата којашто ја прават две повеќекатни кули.

„Можеме да потврдиме дека бомба не е причина“ за уривањето, рекол портпаролот на директорот на индонезиската полиција, Сетјо Васисто.

Инаку двете кули на индонезиската берза во септември 2000 година беа цел на напад на исламистите со автомобил бомба.

Телевизиските кадри прикажуваат вработени како врескаат во паника и делови од галеријата расфрлани по приземјето од зградата во деловниот квар во центарот на Џакарата.