петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пожар во висококатница во Лидс

Пожар во висококатница во Лидс

Пожар избувна денеска во една од  највисоките згради во британскиот град Лидс.

На социјалните мрежи се појавија снимки од местото на настанот на кои се гледа како од зградата се крева црн чад.

Засега нема инфромации за евентуални жртви при пожарот.

Станува збор за една од двете кули Котингли, изградени во 70-те години на минатиот век, во кои се наоѓаат социјални станови.

Двете кули имаат по 25 ката и во времето кога беа изградени, беа највисоки градби во Лидс.