понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пандов: Заев да го следи Камерон и да си поднесе остава

Пандов: Заев да го следи Камерон и да си поднесе остава

Политичкиот аналитичар Александар Пандов во вечерашното негово гостување во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5, истакна дека граѓаните на Република Македонија испратиле јасна порака до Зоран Заев и владата на СДСМ дека не се за промена на името на државата, додавајќи дека договорот склучен во Преспа помеѓу министерот Никола Димитров и Никос Коѕијас е мртов.

Тој смета дека Зоран Заев треба да го следи примерот на британскиот премиер Дејвид Камерон кога после неуспешниот референдум за Брегзит си поднел оставка.

Како што рече тој според Уставот и законите референдумот е неуспешен и со самото тоа нагласи дека сите наредни политички дејствија на СДСМ и Заев би биле неважечки бидејќи мнозинството граѓани на референдумот не дале поддршка.

По правилата, по Уставот и законите на Република Македонија овој референдум е неуспешен и со самото тоа сите политички дејствија кои што требале да се предизвикаат од него би биле неважечки. Огромното мнозинство на граѓани не даваат поддршка на оваа политика на овој политички етаблиштмент, на оваа влада и на овој парламент, изјави Пандов.

Најнови вести