недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бушати: Постои тенденција за надминување на стереотипите во односите со Србија

Бушати: Постои тенденција за надминување на стереотипите во односите со Србија

Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати, на денешната конференција „Србите и Албанците-во која насока?“ што се одржува во Тирана, во врска со односите меѓу Албанија и Србија, рече дека дијалогот треба да биде на искрени основи.

– Имаме многу заеднички точки со Србија и постои тенденција да се надминат стереотипите. Односите со Србија бележат напредок. Нашите земји мора да ги надминат раните од минатото за што веќе има  сигнали за тоа, посочи Бушати.

Сепак тој ја обвини српската политика дека во врска со Косово користи „реторика од 19 век,која не во согласност со актуелните дискусии кои се концентирани на процесот на помирување и нормализација на односите“.

– Дачиќ, рече дека Косово е срцето на Србија, а Косовците се Албанци кои живеат надвор од својата татковина.  Со целата моја почит за значајната позиција што мојот пријател, Дачиќ, ја обавува во владата и српската држава, но сакам да му порачам дека ова е реторика на деветнаесеттиот век и не во согласност со денешните дискусии кои се концентирани  на помирување и стабилизација а  зошто не и отворање на јасна перпектива  за помирување. Сме верувале и сеуште веруваме дека процесот на нормализација треба да го отори патот на процесот на помирување меѓу Албанците и Србите. Кога се зборува за одосите Албанија-Србија или албанско-српските односи многу тешко е да се ингнорира „слонот во соба“ што е Косово, рече Бушати.

Бушати ја коментираше и вчерашната средба на српскиот претседател Александар Вучиќ со неговиот руски колега Владимир Путин.

– Србија се уште  го нема кристализирано својот пат во однос на НАТО и трансатлантското семејство.Секако нам ни преостанува да го почитуваме нејзиниот неутрален пристап, кој се чини дека беше потврден вчера на средбата на претседателот Вучиќ со рускиот претседател Путин. Но,од друга страна треба пријателски да потсетиме на тоа дека на патот на процесот на европска интеграција, земјите имаат одредени задачи во врска со усогласувањето на надворешната и безбедносната политика, кои всушност се однесуваат на изборот на народи за да му се прилучиме  на клубот на семејства со вредности како оној на ЕУ, нагласи Бушати.

Конференцијата е организирана од албанската државна новинска агенција АТА и српската агенција Танјуг.Претходно таква конференција беше одржана во Белград.