четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

В недела „Скопје трча 10 километри“

В недела „Скопје трча 10 километри“

Над 1.500 пријавени ќе учествуваат в недела на „Скопје трча 10 километри“ (Skopje Run 10K), трка што втора година по ред ќе се одржи на улиците на македонската престолнина.

Бројот на пријавени во однос на првото издание е речиси двојно зголемен.

– „Скопје ран“ прерасна во голема улична трка. Голем број странски и македонски тркачи се дел од оваа заедница што има за цел да го следи спортскиот начин на живеење во нашето општество. Сакам да ги повикам сите заинтересирани да се вклучат во трката и со тоа да донираат во „Детското село“, изјави Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт, која е генерален покровител на манифестацијата.

Оваа година ќе се трча под мотото „Секој километар значи“ и трката ќе има хуманитарен карактер преку купувањето хуманитарни километри за „СОС Детско село“.

Организаторот на трката – Сојуз на спортови на Град Скопје, потпомогнат од коорганизаторите Атлетски клуб Работнички, Атлетска федерација на Македонија и Министерството за внатрешни работи соопшти дека се е подготвено за непречено одвивање и безбедност на натпреварувачите.

Почетокот на „Скопје трча 10 километри“ е в недела (7 октомври) во 9 часот. Стартот е до фонтаната „Лотос“ на булеварот „Илинден“ и самиот финиш е на истата локација со тоа што трката е кружна и се трчаат 2 круга по 5 километри.

– Пријавувањето за „Скопје трча 10 километри“ е затворено, а сите кои сакаат да бидат дел од оваа приказна може преку #СекојКилометарЗначи да купат хуманитарни километри на smartrace.club. Секој километар е 100 денари, а тие кои ќе земат 4 километри или повеќе ќе добијат подарок маица „парго“ од линијата на Катарина Ивановска, објави организаторот.