Апелациониот суд Скопје, по одржаната затворена седница денеска донесе одлуки со кои ги одби како неосновани жалбите на обвинетите и ги потврди решенијата на Основниот суд Скопје за нередите во Собранието.
Со овие одлуки им се потврдува притворот и на осомничените Иван Цветановски, Абдуљафет Алими, Љубен Аранудов, Јане Ченто, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Елена Доцевска.