сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Албански државјанин повреден при копање на канал, немал пријавен престој во Македонија

Албански државјанин повреден при копање на канал, немал пријавен престој во Македонија

На 05.10.2018 година во 12:00 часот во Полициска станица Кичево од страна на доктор од Медицински центар Кичево, било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Ш.Х.(38) од Р.Албанија.

Истиот, според пријавеното, повредите ги здобил во село Колари при копање на канал. Од извршените проверки констатирано е дека Ш.Х. во Р.Македонија нема пријавено престој.

Од страна на ОЈО дадени се насоки кон истиот да се преземат мерки од Законот за странци.