петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Хаос во ноќен клуб во Белград: Мажи со палки и шипки кршеле се пред себе, гостите се криеле под маси- настапувал Бојан Маровиќ

Хаос во ноќен клуб во Белград: Мажи со палки и шипки кршеле се пред себе, гостите се криеле под маси- настапувал Бојан Маровиќ

Група од 10 до 15 мажи упаднала околу полноќ во клубот „Комитет“ во Бетон халата во Белград и целосно го демолирала локалот, пренесуваат српските медиуми.

Според очевидците во клубот изненадно улетала групата хулигани со палки и шипки во рацете, па прво го претепале обезбедувањето, па кршеле се што им дошло до раце.

Клубот во тој момент бил полн, а се претпоставува дека гостите се обиделе да се заштитат криејќи се под масите.

Инаку вчера во клубот настапувал Бојан Маровиќ, но за среќа не е повреден.

Истрагата за упадот е во тек.