четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Твитови

На твитерџиите им пукна филмот: Егзотични специмени паркирани пред Зоолошка!

На твитерџиите им пукна филмот: Егзотични специмени паркирани пред Зоолошка!

Слониците Дуња и Даниела викендов беа вистинска атракција и создадоа гужва и метеж во скопската Зоолошка градина. Но, големиот број на возила создадоа хаос околу Градскиот парк.

Повелете во скопската зоолошка градина да ги видите егзотичните специмени од Тетово, Охрид и Свети Николе, напиша Чорбаџи Ја на твитер и ја сподели оваа фотографија.

Во коментар останатите твитерџии постираа други фотографии од непрописно паркирани возила.

„Нема доволно паркинг места пред зоо и град скопје за цела Македонија. Вие се буните за викенди што се паркирани на тревник додека во Карпош2 тоа е секој ден, цел ден. И никој ништо не превзема иако е апелирано повеќе пати.“ – напиша Grinch во коментар.