четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дедо во Куманово со автомобил удрил во бетонски столб и метална ограда, во паркирано возило, а потоа во пешак

Дедо во Куманово со автомобил удрил во бетонски столб и метална ограда, во паркирано возило, а потоа во пешак

Во кумановската полиција вчера утрото околу 07:00 часот било пријавено дека  на улицата „Тоде Думба“ во Куманово патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ. (74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К. (37) и во пешак Т.А. (71) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.