петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Познати

По сообраќајната несреќа: Еве како изгледа Емина (ФОТО)

По сообраќајната несреќа: Еве како изгледа Емина (ФОТО)

Емина Јаховиќ вчера доживеа сообраќајна несреќа во Белград, а менаџерот на познатата пејачка откри повеќе детали за истата.

-Џипот на Емина, со кој управувал нејзиниот возач се судри со автомобил на раскрсница, во улицата Јуриј Гагарин на Нов Белград. Тоа е се што знам…Била во шок кога тоа се случило, рекол Нинослав Продановиќ, пријател и менаџер на пејачката и додал:

„Таа не сакаше да го вознемирува семејството, па им јави што се случило неколку часа по несреќата. Кога медиумите почнаа да ја бараат, реши да им каже што се случило за да ги поштеди од дополнителна нервоза“.

Јаховиќ вчера се огласи на социјалните мрежи.

-Драги пријатели, само да ве известам дека се чувствувам добро после судирот и дека животот не ми е во опасност, како што пренесоа некои медиуми. На снимање сум во Белград, а иако се уште сум малку во шок мора да продолжам да работам вечерва. Ви благодарам на поддршката, ви праќам многу љубов, напишала Емина на социјалните мрежи.

Попатно Емина покажа и како изгледа после незгодата.

 

Најнови вести