петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Македонија

Митовска до пратениците од СДСМ: Вразумете се и бидете одговорни, не ја газете волјата на народот, референдумот е неуспешен

Митовска до пратениците од СДСМ: Вразумете се и бидете одговорни, не ја газете волјата на народот, референдумот е неуспешен

Волјата на граѓаните изразена на референдум, согласно Уставот е задолжителна за власта и за сите нас. Граѓаните на 30-ти септември си го кажаа своето. Кажаа дека не сакаат да бидат граѓани на Република Северна Македонија, туку сакаат да бидат Македонци  од Република Македонија и вие излеговте пред граѓаните, но граѓаните не излегоа пред вас, туку напротив ви покажа дека тоа што вие го правите и го  заговарате е спротивно со нивното мислење и со нивните ставови, истакна Слаѓана Митовска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ на денешната комисиска расправа за уставните измени.

Митовска ја потсети пратеничката Соња Мираковска пратеничка од СДСМ дека и таа самата била свесна за неуспехот на референдумот, потсетувајќи ја на нејзините зборови „Ние сме денес скрос згужвани, не сме за смеење“.

Таа ги праша пратениците на СДСМ со кое право ја продолжуваат оваа постапка кога и Државната изборна комисија потврдила дека референдумот е неуспешен, додавајќи дека треба да се вразумат и да бидат одговорни во своите постапки објаснувајќи им дека волјата на граѓаните не смее да биде погазена бидејќи на референдумот граѓаните се изјасниле дека не се промена на уставното име на државата.

-ДИK излезе со официјален став дека овој референдум е неуспешен и со кое право продолжувате да ја терате оваа постапка во законодавниот дом. И вие и ние како народни избраници треба да бидеме над своеглавото однесување на функционерите на СДСМ, односно на министерот за надворешни работи и претседателот на владата. И да кажете доста е застанете, референдумот е неуспешен и не треба да одиме понатаму. Да застанеме тука и да не ја влечеме Македонија во поголема криза затоа ние ќе побараме од вас, вразумете се и бидете одговорни онака како што им прилега на народни избраници. Послушајте го народот, бидејќи тој веќе го кажа своето, им порача Митовска на нејзините колеги пратеници од СДСМ.