Светло црвена лава почна да истекува од вулканот Мајон на Филипините, поради што локалните власти предупредуваат дека е можна негова силна ерупција за неколку денови или седмици.
Филипинскиот Институт за вулканологија и сеизмологија соопти денеска дека лавата, проследена со пепел, тече полека долж страните на вулканската планина и достигнала до два километри од кратерот.
Околу 15.000 лица избегаа од околината на вулканот.
Локалните власти издадоа предупредување за трет од вкупно пет, степени на опасност.