вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Три премиерлигашки екипи се интересираат за Џеко

Три премиерлигашки екипи се интересираат за Џеко

Босанскиот напаѓач Един Џеко игра во извонредна форма. Тој беше стрелец на двата гола за својата репрезентација во синоќешниот триумф над Северна Ирска (2:0), по што во англиските медиуми се појавија написи за можен негов трансфер во Премиер лигата.

Како што објави „Мирор“ за Џеко се заинтересирани Кристал Палас, Саутемптон и Кардиф.

Премиерлигашите сакаат Џеко да го имаат во своите редови уште во зимскиот преоден рок, но секако за тоа дозвола ќе треба да даде сегашниот негов клуб Рома и тој самиот.

– Можеби е малку доцна да с евратам во Премиер лигата, но никогаш не се знае, изјави неодамна поранешниот играч на Манчестер Сити.

МИА