вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Среде Клинички прегазена старица

Среде Клинички прегазена старица

Вчера во 11,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на сервисната улица во кругот на Комплекс клиники “Мајка Тереза“ патничко моторно возило “Пежо-206“ со скопски регистерски таблици управувано од Х.Н.(29) од Скопје удрило во пешак А.Г.П.(69) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила А.Г.П., која со истото возило била пренесена во Ургентниот центар при Комплексот клиники.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.