Повредено лице при пад од дрво во кичевското село Брждани било пријавено вчера во полицијата.
Екипа од Итната медицинска помош констатирала лицето има повреди на главата и дека е без знаци на живот.
-Полициски службеници извршиле увид и било утврдено дека се работи за лицето Т.И.(58) од Република Албанија со пријавен привремен престој во Кичево, информираат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.