четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Хашиш и марихуана пронајдени во домот на скопјанец- одреден му е притвор од 30 дена

Хашиш и марихуана пронајдени во домот на скопјанец- одреден му е притвор од 30 дена

Скопското Јавно обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, лицето е осомничено затоа што вчера при извршен претрес во неговиот дом во Скопје, била пронајдена наркотична дрога „хашиш“ во вкупна нето маса од 447,2 грама, наркотична дрога „марихуана“ во нето маса од 49,92 грама, како и една дигитална вага со остатоци од наркотична дрога.

На предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена.