четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Осомничениот за убиството на бугарската новинарка: Жал ми е, не сакав да ја убијам

Осомничениот за убиството на бугарската новинарка: Жал ми е, не сакав да ја убијам

Обвинетиот за убиството на бугарската новинарка, Викторија Маринова, денеска во пресрет на сослушувањето во судот во градот Русе, изјавил дека жали што ја убил Маринова и дека не сакал да го направи тоа, објави БНТ.

Северин Красимиров (21) пред два дена беше екстрадиран од Германија во Бугарија.

Триесет годишната истражувачка новинарка беше бутално претепана, силувана и задавена во градот Русе, а нејзиното тело беше пронајдено во парк во близина на река.