вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Полицијата била на 70 метри од местото на убиството на Ивановиќ, никој ништо не слушнал

Полицијата била на 70 метри од местото на убиството на Ивановиќ, никој ништо не слушнал

Жељко Бојиќ, шеф на оперативните косовски полициски служби за северот на Косово истакнал дека телото на Оливер Ивановиќ ќе биде предадено на одделението за судска медицина на обдукција.

-Во близина на капијата каде е канцеларијата на Оливер Ивановиќ утринава околу 8:10 часот дошло до вооружен напад, на некои 70 метри имало и полициска патрола, но тие не слушнале ништо освен извици од една стара жена, изјавил Бојиќ.

Тој додал дека на лице место веднаш излегла увидна екипа која пронашла четири чаури и еден целосен куршум и најверојатно станува збор за калибар 9 милиметри.

Набрзо по убиството во негова близина пронајдено е запалено возило „Опел астра“ без регистерски ознаки. Бојиќ вели дека најверојатно тоа возило е на напаѓачот на Ивановиќ.

-Верувам дека напаѓачите на Оливер Ивановиќ го користеле запаленото возило најдено на улицата во близина, додава Бојиќ.