сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

„Прифатив дека умирам“: Славната пејачка проговори за болеста

„Прифатив дека умирам“: Славната пејачка проговори за болеста

Пејачката Аврил Лавињ на неколку години се повлече од јавноста поради здравствени проблеми, односно Лајмска болест поради која постојано мораше да лежи во кревет.

Моментално 34 годишната музичарка го планира враќањето на сцена, а во интервју за магазинот Билборд проговори за кариерата и здравјето, но и љубовниот живот.

Пред еден месец ја објави песната “Head Above Water” во која пее за борбата со болеста која се пренесува со убод од крлеж. Открила дека во 2014 година започнала да се чувствува лошо, била исцрпена и уморна. Како нејзината пријателка Јоланда Хадид која боледува од истата болест, почнала да се сомнева дека и таа боледува од истото.

“Бев во кревет две е**ни години”, рекла таа и додала дека земала коктел од неколку различни антибиотици.

-Се чувствував како затвореник во своето тело. Прифатив дека умирам, рекла Аврил.

Иако два пати се развела, истакнува дека не жали што се омажила, а своите поранешни сопрузи ги опишува како добри момци.

Најнови вести