среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home ТВ и Филм

Кинопроекција на „Кобра“ – филм за борачката легенда Шабан Трстена

Кинопроекција на „Кобра“ – филм за борачката легенда Шабан Трстена

Во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево денеска попладне ќе биде прикажан „Кобра“ – филм за животната приказна на борачката легенда на Македонија Шабан Трстена.

Документарниот филм по сценарио и режија на Игор Иванов ги прикажува подемите, падовите и големите успеси на Трстена, единствениот спортист од Македонија кој освои олимписко злато.

Трстена им се заблагодари на раководството на Центарот за култура и, како што вели, на неговите пријатели од Кичево, за почитта и вреднувањето што кон него го искажале во изминатите години, и за иницијативата за прикажување на документарниот филм „Кобра“.

– Филмот „Кобра“ се однесува на мојата спортска и животна дејност во децениите од минатиот век, фрлајќи светло за вистината на душата на олимпискиот шампион и спортист на 20 век, изјави Трстена по повод проекцијата на неовиот филм денеска во 16 часот во Кичево.

МИА