вторник, 16. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Гачевски: Првиот гол го реши натпреварот, а тој не беше регуларен

Гачевски: Првиот гол го реши натпреварот, а тој не беше регуларен

Голманот на Вардар, Филип Гачевски по поразот денеска од Шкендија со 0:2 во дербито на ПМФЛ, кој е и првиот за „црвено-црните“ сезонава, го прокоментира контраверзниот гол на тетовци на крајот од првото полувреме со кој поведоа во резултатот.

Гачевски изјави дека голот бил нерегулерен и ја посоветува Фудбалската федерација на Македонија да преземат мерки.

– Првиот гол го реши натпреварот, а тој не беше регуларен. Сакам да порачам дека цела јавност и сите од ФФМ треба да превземат нешто, затоа што ова што се случува во Македонија е жално. За голот можам да кажам дека сум 100 отсто сигурен дека топката не ја мина гол линијата, и можам и да се заколнам. Мора да се реагира затоа што тој момент го одлучи победникот, а може да влијае и на целото првенство, рече Гачевски.

Од снимките од спорниот момент може да се забележи дека дополнителниот асистент крај гол аут линијата не гледа во голот, а помошникот не е на аголот, за да биде во позиција да ја процени најдобро ситуацијата. Во близина на настанот не е ниту главниот судија. (МИА)