понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Барди потпиша нов договор со Леванте

Барди потпиша нов договор со Леванте

Македонскиот репрезентативец Енис Барди го продолжи договорот со шпанскиот клуб Леванте.

Договорот на напаѓачот со тимот од Валенсија е до 2022 година со опција  да може да биде продолжен за уште две сезони.

– Многу сум среќен, овде се чувствувам одлично, се чувствувам како да сум дома, рече Барди по потпишувањето.

Македонскиот репрезентативец има одиграно за шпанскиот состав  вкупно 38 мечеви и постигнато 10 голови. (МИА)