четврток, 4. јануари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

ЛШ: Црвена Ѕвезда гостува на Енфилд, Барса против Интер на Ноу Камп

ЛШ: Црвена Ѕвезда гостува на Енфилд, Барса против Интер на Ноу Камп

Пресмеката помеѓу Барселона и Интер на Ноу Камп, дуелот помеѓу непоразените екипи во А групата Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид и гостувањето на Црвена Ѕвезда на Енфилд кај Ливерпул се мечевите кои ќе ја одбележат втората половина од третата рунда во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Каталонците пред своите гледачи ќе се судрат со Интер кој во Шпанија ќе допатува на крилата од триумфот во градското дерби со Милан во Серија А. Барселона во пресрет на мечот со Интер се соочи со голема загуба, откако Лионел Меси се повреди и нема да биде во комбинација за настап вечерва.

Црвена Ѕвезда ја очекува пекол на гостувањето на Енфилд. Ливерпул мора да се ваѓа за поразот од Наполи во Италија во втората рунда од групната фаза. „Делиите“ еднаш „настрадаа“ претрпувајќи убедлив пораз од ПСЖ 6-1. „Црвените“ и покрај фаворитската улога не се залетуваат и најавуваат атак на бодови.

Двојки:

Група А: Клуб Бриж – Монако (18:55ч), Борусија Дортмунд – Атлетико Мадрид (21ч)

Табела: Борусија Дортмунд 6, Атлетико Мадрид 6, Клуб Бриж 0, Монако 0

Група Б: ПСВ – Тотенхем (18:55ч), Барселона – Интер (21ч)

Табела: Барселона 6, Интер 6, Тотенхем 0, ПСВ 0

Група Ц: Ливерпул – Црвена Ѕвезда (21ч), ПСЖ – Наполи (21ч)

Табела: Наполи 4, Ливерпул 3, ПСЖ 3, Црвена Ѕвезда 1

Група Д: Галатасарај – Шалке (21ч), Локомотив Москва – Порто (21ч)

Табела: Порто 4, Шалке 4, Галатасарај 3, Локомотив Москва 0