Фискалниот совет на Србија во својот последен извештај за стратешки препораки за буџет во претстојната година се наведува дека зголемувањето на пензиите за 6,5 до 7 проценти е во согласност со остварениот и очекуваниот раст на БДП во наредниот период. (1 динар = 0,0084 евра)
Весникот „Политика” објави дека со зголемување на масата за пензии за седум проценти, односно 35 милијарди динари, би се овозможило да се укине привременото намалување на пензиите и редовно усогласување во 2019 година.
За укинување на Законот за привремено намалување на пензиите од 2014 година потребни се 25 милијарди динари буџетски средства, а преостанатите средства ќе бидат доволни за исполнување на законската обврска која предвидува редовно усогласување на пензиите двапати годишно во 2019 година.
МИА