понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние

Двајцата соговорници констатираа дека Република Македонија и Република  Франција имаат  добри односи и дека тие односи мора да се продлабочуваат и во иднина, информираат од партијата.
ФОТО: Мицкоски оствари средба со францускиот амбасадор Тимоние

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес придружуван од членот на Извршниот комитет, Игор Николов оствари средба со амбасадорот на Република Франција, Кристијан Тимоние.

Двајцата соговорници констатираа дека Република Македонија и Република  Франција имаат  добри односи и дека тие односи мора да се продлабочуваат и во иднина, информираат од партијата.

-Претседателот Христијан Мицкоски истакна дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото и во иднина ќе стори се во насока на остварување на овој наш стратешки интерес. Мицкоски потенцираше дека досега од владата во таа насока гледаме само деклеративни заложби, без конкретни дела, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го информираше Тимоние и за политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла, што е потенцирано дека е удар врз демократијата.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  истакна и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изрази сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување. Мицкоски уште еднаш потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ гледа огромен пријател во Република Франција и ќе се грижи за унапредување на односите во иднина, со цел просперитет на нашите два народи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести