сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Евертон за една година ја одложи преселбата на новиот стадион

Евертон за една година ја одложи преселбата на новиот стадион

Англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон ги смени плановите за изградба на нов стадион. Според „Телеграф“, клубот ќе се пресели од „Гудисон Парк“ не порано од сезоната 2023/24.

Ова е една година подоцна отколку што претходно беше најавувано.

Според изворот, финансиската структура на новиот стадион, проценета на 500 милиони фунти, ќе се промени.

Половина од износот беше планирано да се позајми од градските власти во Ливерпул, но менаџментот на клубот сега претпочита да бара приватни инвеститори.

Исто така, Евертон мора да оди преку јавни консултации за изградба на новиот стадион.

Според плановите, новиот стадион на „карамелите“ треба да биде со капацитет од околу 50 илјади места.