четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Утре е тежок празник Света Петка: Појдете во црква, но овие работи немојте да ги направите

Утре е тежок празник Света Петка: Појдете во црква, но овие работи немојте да ги направите

Утре се празнува Преподобна Параскева-Петковден. Во народот позната како света Петка.

Родена е кон крајот на деветиот или пак на почетокот на десетиот век во градот Епифат кој што се наоѓа помеѓу градот Силимвије и Цариград,на ден петок па и отаму доаѓа и нејзиното име Параскева што во превод од грчкиот јазик значи петок.Потекнува од чесно и имотно христијанско семејство и со одобрение на нејзините родители нејзиниот постар брат Јефтимиј прво се замонашил а подоцна станал епископ Мадитски.

Православните верници ќе ја прославуваат света Петка. Ова е еден од празниците што нашиот народ најмногу ги прославува, а познат е и како Петковден. Се празнува во секој крај. Секаде има свои обичаи, но сите носат вино, лепче и пченица во црква.

Во народните верувања се вели дека денес не се работат тешки рачни работи, посебно жените не треба да месат леб и да перат, зошто се вели дека ќе им трнат рацете цела година.

Нејзиниот живот бил исполнет со молитви и работа,по смрта на нејзините родители поради Христа заминала на поклонение во Цариград,потоа престојува во Халкедонскиот манастир а од таму заминува во Ираклија каде што пет години престојува во Богородичната црква.

Од Ираклија заминува во Светата земја и таму останува до својата длабока старост живејќи во подвизи,пост и молитви. Две години пред нејзината смрт и се јавил ангел кој што и рекол дека треба да се врати во својот роден град,каде што на земјата ќе и го предаде телото а душата на Господа.

По нејзиното враќање во родниод град Епифат веќе никој неможел да ја препознае бидејќи немала роднини а и неколку децении била отсатна од градот.Крајот на својот живот го минала со работа,пост и молитви без да дознаат нејзините сограѓани која е.Бидејќи нејзините сограѓани ја сметале за туѓинка по нејзината смрт ја погребале надвор од христијанските гробишта.

После многу години од нејзината смрт во градот требало да се погреба давеник,бидејќи тој бил туѓинец решиле да го погребаат надвор од гробиштата и тоа на истото место каде што била погребана светицата. Кога го отвориле нејзиниот гроб забележале дека нејзиното тело не е распаднато ама на тоа не обрнале внимание,го положиле удавениот морнар врз неа и го го затвориле гробот.

Ноќта на еден од работниците кој што учествувал на погребот по име Георгије на сон му се јавила светицата облеана со светлина,седната на царски трон и опкружена со војници. Еден од војниците му се доближил,го фатил за рака и му рекол дека многу згрешиле тоа што го сториле претходниот ден.

Потоа станала Преподобната Мајка му кажала која е и со зборовите дека неможе повеќе да ја трпи смрдеата на телото на удавениот морнар,му наредила да ги извадат нејзините мошти и да ги положат на некое чесно место. Утредента Георгије им го раскажал сонот на неговите роднини и сите заедно веднаш се упатиле кон гробиштата. Кога пристигнале таму виделе насобрано многу луѓе,истиот сон го сонувала и една жена по име Јефтимија. Насобраната маса решила да ги откопа моштите на светицата и да ги погреба во Епифат во црквата св.Петар и Павле.

Веднаш по овој настан почале да се случуваат разни чудесија и исцелувања.

Два века по смрта на Света Петка со Цариград владееле крстоносците,па во 1238-та година бугарскиот цар Јован Асен успеал од нив да ги преземе светите мошти и да ги пренесе во својата престолнина Трново. По Косовската битка и Трново паѓа во рацете на Османлиите и моштите на Света Петка се пренесени во Романија.

Потоа во 1396-та година и Романија паѓа во Османлиски раце тогаш српската царица Милица го замолила султанот Бајазит да ги пренесе светите мошти во Србија. Султанот се согласил со тоа и моштите на светицата биле пренесени во Белград на месноста Калемегдан.

Кога во 1521-та година султанот Сулејман втори го завзел Белград,ги запленил светите мошти на Света Петка и ги однел во Цариград. Таму почнале да се слушуваат чудесни работи па и покрај христијаните светицата ја славеле и муслиманите. Во 1641-та година војводата Василије Лупал господар на Молдавија, успеал да ги добие моштите на светицата и нив ги пренел во светиот град Јаш,во црквата “св.Три Ерарси”. Во 1884-та година нераспаднатите свети мошти на Света Петка се пренесени и изложени во Соборната црква на градот Јаш каде што се наоѓаат и денес.

Споменот на “Света Преподобна Петка – Параскева Трновска ” се празнува секоја година на 14-ти октомври по стар стил,или на 27-ми октомври по нов стил.

Светата Православна Црква празнува три личности со исто име Петка(македонски) односно Параскева(грчки),поради што во народот се мешаат или пак се мисли дека се работи за иста личност.

-Првата св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка Римјанка. Нејзиниот спомен се празнува на 26-ти јули по стар стил,или 8-ми август по нов стил.Таа загинала со маченичка смрт,исечена е за време на царот Антонио Пиј,па затоа правилно се нарекува “Света маченица Петка-Параскева Римјанка”.

-Втората св.Петка-Параскева се нарекува св.Петка од Иконија. Таа исто како и првата маченички загинала за време на царот Диоклецијан.Нејзиниот спомен се празнува на 28-ми октомври по стар стил,или 10-ти ноември по нов стил.Нејзиното целосно име гласи вака “Света маченица Петка-Параскева Иконијска”.

Овие две светици се маченици додека “Света Петка-Трновска” е преподобна.

Најнови вести