петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Албански државјанин лепел страници од друг пасош на неговиот: Приведен е на Табановце

Албански државјанин лепел страници од друг пасош на неговиот: Приведен е на Табановце

Вчера во 21:35 часот на Граничен премин Табановце, на излез од Р.Македонија со автобус допатувал Н.С.(33) од Церјан-Албанија, државјанин на Албанија.

По извршена пасошка контрола констатирано било дека патната исправа на лицето е фалсификувана, односно на две страници е прелепуван дел од друга патна исправа со цел прекривање на постоечка забрана за влез во земјите членки на Европска Унија.

Лицето е приведено и предадено во Полициска станица Куманово за понатамошна постапка.