Вчера во 10.00 часот на крстосницата од улица „Кемал Сејфула“ со улица „Павле Илиќ“ во Скопје, патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во пешакот Д.Д.(81) од Скопје.
Од ударот пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.