четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Инцидент во скопска амбуланта: Сакала да се прегледа со туѓа книшка, па тргнала да се пресметува со вработените

Инцидент во скопска амбуланта: Сакала да се прегледа со туѓа книшка, па тргнала да се пресметува со вработените
илустрација

Со туѓа здравствена книшка непозната жена побарала преглед во амбуланта во Скопје. Вработената во амбулантата ја познавала жената чиј идентитет се обидела да го искористи пациентката, па одбила да и дадат услуга.

Докторите ја предупредиле пациентката дека начинот на кој таа бара преглед е казниво, па настанала вербална расправија. Караницата не завршила, туку пацинтката се обидела физички да се пресмета со медицинарите.

Вработените во амбулантата биле приморани да повикаат обезбедување, по што жената се смирила.