четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Силни земјотреси утрово го стресоа Закинтос

Силни земјотреси утрово го стресоа Закинтос

Два нови земјотреси се регистрирани утринава во близина на грчкиот остров Закинтос во Јонското Море.

Европскиот сеизмолошки центар покажа дека утринава земјотрес со 5.4 степени по Рихтер е регистриран во 5 часот. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри на 25 километри југозападно од островот.

Во 8:34 часот е регистриран втор земјотрес со јачина од 4.2 по рихтеровата скала.

Засега не се регистрирани последици од овие два земјотреси.

Овие земјотреси доаѓаат по оној пред неколку дена од 6.4 степени според рихтеровата скала кој донесе пукање на земјиште во пристаништето во Закинтос, како и помали штети на неколку објекти на островот.