Синот на сопственикот на Лестер кој загина во хеликоптерска несреќа му оддаде почит на својот татко преку социјалните мрежи.
Тој споделувајќи фотографија на која е во прегратка на својот татко им се заблагодари на сите за поддршката и вети дека ќе продолжи со она што неговиот татко го започна.
-Многу сум горд дека имав неверојатен татко, кој ме научи да бидам јак и да се грижам за семејството.
Тој напиша и дека многу му недостасува неговиот татко и дека со цело срце се ќе направи за да продолжи да ги исполни неговите големи соништа и цели.