Аргентинската ѕвезда Анхел ди Марија потпиша нов договор со Пари Сен Жермен, официјално објавија од францускиот клуб. Новиот договор важи до 30 јуни 2021 година, а стариот ќе истече по крајот на оваа сезона.
Ди Марија има 3 гола и 6 асистенции во Првата Лига од почетокот на сезоната, со 2 погодока во Лигата на шампионите.