Фудбалерот на Баерн Минхен, Тиаго Алкантара нема да може да игра следните неколку недели поради повреда на десната нога.
– Тиаго се соочува пауза од неколку седмици. Шпанскиот интернационалец го повреди лигаментот во десниот скочен зглоб на натпреварот од купот против Радингхаузен. Тоа е дијагнозата од страна на клупскиот доктор Ханс-Вилхелм Милер-Волфхарт, соопштено е на клупскиот сајт на баварците.
Алкантара одигра 14 од 15-те натпревари на Баерн оваа сезона.