четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Москва го критикува НАТО за влошување на соработката

Москва го критикува НАТО за влошување на соработката

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Александар Грушко денеска оцени дека политиката на заплашување која НАТО ја води против Русија, и штети на нормалната соработка меѓу двете страни.

– Проблемот во нашите односи со НАТО е што НАТО оди кон своите позиции од 1949, кон политика на заплашување во односите со нашата земја. Значи, не може да има нормална соработка во такви услови, затоа што соработката е можна ако страните не се гледаат една друга како непријатели, туку претпоставуваат дека постојат објективни сфери на заеднички интереси, рече Грушко на маргините на Минхенската безбедносна конференција во Минск.

Тој укажа дека соработката меѓу Советот на НАТО и Русија била корисна во борбата против тероризмот, шверцот со дрога, трговијата со луѓе, но оти таа соработка е речиси замрзната по иницијатива на НАТО.

Грушко рече дека во Алијансата постојано се зборува за потреба од деескалација, ставање крај на опасните воени инциденти и избегнување несогласувања кога станува збор за воени намери, но оти ништо не прави за да се обноват воените контакти.