четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Анкета: Џо Бајден има најголеми шанси да биде претседателски кандидат на демократите во 2020 година

Анкета: Џо Бајден има најголеми шанси да биде претседателски кандидат на демократите во 2020 година

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден има најголеми шанси да биде кандидат за претседател на демократите во 2020 година, покажуваат резултатите од социолошко истражување на Ројтерс / Ипсос.

Според истражувањето, Бајден би добил поддршка од 29 отсто од неговите сопартијци во трката за кандидат за претседател. На второ место се наоѓа Берни Сандерс со 22 проценти, а по него се сенаторите Кори Букер од Њу Џерси, Елизабет Ворен од Масачусетс и Камала Харис од Калифорнија.

Секој од овие потенцијални кандидати на демократите, на избори би добил добар резултат против Доналд Трамп.

И пред да се потроши еден долар за предизборни реклами или настани, студијата покажува дека на избори Бајден ќе добие 51 отсто, наспроти 39 кои би гласале за Трамп.

Ако изборите се одржат денеска, Сандерс, Букер и Харис исто така би го победиле Трамп, а најмала разлика би имало ако кандидат на демократите е Букер. Во тој случај, Трамп би изгубил само со четири проценти.

Во 2016 година кандидатката за претседател на демократите Хилари Клинтон победи на гласањето, откако доби речиси три милиони гласови повеќе од Трамп, но изгуби при гласањето држава по држава во Избирачкиот колеџ. (МИА)