четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Беквалац откри дали повторно ќе се мажи, а публиката во студиото се смееше до солзи- „Кога ќе го слушнам зборот мажење“…

Беквалац откри дали повторно ќе се мажи, а публиката во студиото се смееше до солзи- „Кога ќе го слушнам зборот мажење“…

Познатата пејачка Наташа Беквалац која е новиот член во музичкото шоу „Пинкови Ѕвездички“ го насмеа целото студио откако се пошегува на своја сметка.

Имено на самиот почеток на емисијата и претставувањето на жирито Леонтина се пошегува со водителката Маријана Миќиќ која беше закопчана до врат, а тоа било така бидејќи таа ќе се мажи, а по оваа изјава веднаш се јави и Наташа Беквалац која возврати:

– Јас? А не се зборува за мене. Добро е, јас кога ќе го слушнам зборот мажење веднаш се вртам да видам кој ме бара, вели Наташа.

По ова целото студио се смееше на глас, а пејачката докажа дека знае да се пошегува на своја сметка.

Најнови вести