Случај на опожарено возило на булеварот „Туристичка“ во Охрид околу 2 часот по полноќ бил пријавен во СВР Охрид.
-При извршен увид на местото на настанот предводен од Јавен обвинител и вешто лице, констатирано е дека опожарен е патнички автомобил „Лада Нива“ со охридски регистарски ознаки сопственост на С.С. (45) од Охрид, информираат од полицијата.
СВР Охрид презема мерки за утврдување на причините за пожарот и целосно расветлување на случајот