Скотланд Јард ја води истрагата против актерот Кевин Спејси поради трето обвинение за сексуален напад.
Истрагата е отворена откако еден маж се изјаснил дека 58-годишниот оскаровец го нападнал во 2005 година во Лондон.
-На 13 декември добивме обвинение дека маж сексуално нападнал друг маж, трета жртва, а тоа се случило во 2005 година, изјавил гласноговорник на лондонската полиција.
Полицијата не го спомена директно Спејси, но рекоа дека наводниот сторител е истата личност која е обвинета за вакви слични дела од 2005 и 2008 година.
После првите обвиненија за сексуален напад против Кевин Спејси, неколку мажи и жени изјавија дека актерот се однесувал непримерно кон нив.
Истрага против актерот е отворена е и во САД. Од Лондонскиот театар Олд Виц, соопштиле дека добиле 20 лични сведоштва околу наводно недолично однесување на Кевин Спејси, кој од 2004 до 2015 година работел таму.
Netflix после обвиненијата го исфрли актерот од серијата „House of Cards“, а исто така беше отстранет и од драмата „All Money in the World“, каде го замени Кристофер Пламер.
Одлучено е и дека актерот повеќе нема да добива Еми нарада, а неговиот агент и публицист му ја откажаа соработката.
Актерот после обвиненијата се нема појавено во јавноста.