Познатата српска пејачка Емина Јаховиќ е фатена во папарацо лов со милијардерот Седетин Саран.
Ново печениот пар се фотографирани на аеродромот во Истанбул каде Седетин ја пречекал пејачката, а според фотографиите тие немале ништо против што биле на мета на медиумите.
Сепак Емина пред неколку денови во емисијата „Амиџи шоу“ изјави дека со милијардерот штотуку се запознале.
-Се запознавме и неколку пати излеговме, многу е убаво и фино. Се запознав со неговата фамилија и бевме на семеен ручек, а за понатаму ќе видиме што ќе биде, полека чекор по чекор, рече пејачката.
Парот дојде во луксузно БМВ, а заедничките фотографии погледнете ги во видеото: