Новиот тренер на Фулам, Клаудио Раниери вели дека неговата прва цел е да ја консолидира одбраната, која во моментов е најслабата во Премиер лигата.
Фулам, пред отпуштањето на српскиот тренер Славиша Јокановиќ, прими дури 31 погодок во 12 натпревари и е убедливо најлош според тој параметар.
– Како италијански тренер за мене најважен дел е одбраната. Важно е да имаме вистинска визија за тоа како можеме да се браниме, не само дефанзивците, туку целиот тим. За мене, тимскиот дух е многу важен, знам дека Фулам има добар тим, а потребна е и борбеност, изјави Раниери.
Дебито на клупата на Фулам, Раниери ќе го има на 24 ноември против Саутемптон.
МИА