петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта води политички прогон, обвинителството штанца исти решенија: Собирале информации за Јанакиески, па ги ископираа за Божиновски?!

Власта води политички прогон, обвинителството штанца исти решенија: Собирале информации за Јанакиески, па ги ископираа за Божиновски?!

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски знаеле за движењето на поранешниот премиер Никола Груевски? Ова е прашањето кое на големо се коментира во јавноста, откако беше определен притвор за Миле Јанакиески врз основа на белешка на УБК за наводно бегство кое го спремал екс-министерот за транспорт и врски.

Одредувањето на притвор за Миле Јанакиески и Кирил Божиновски е класичен политички прогон.

Бесно обвинителство исти решенија штанца. Никога Груевски избега – другите ќе ги апсиме, па макар и со копи-пејст решение за притвор. Само вака може да се протолкува постапката на Кривичниот совет на Основнот суд Скопје 1, кој на барање на СЈО ги изготвил решенијата за притворање на Јанакиески и Божиновски, пишува Република.

Јанакиески и Божиновски беа притворени рано утрото околу 5 часот во средата на 14 ноември, веднаш откако беше потврдено дека Никола Груевски се наоѓа во Будимпешта и бара политички азил. Решенијата за притвор се изготвени на брзина, така што решението за притвор на Миле Јанакиески, обвинет во повеќе случаи на СЈО, е ископирано и за Кирил Божиновски. Колкави биле бесот и немоќта на органите сведочат и „очигледните технички грешки“.

Прво, погрешен е бројот на предметот на Кирил Божиновски, за што подоцна Кривичниот совет изготвува и решение за исправка на „очигледна техничка грешка“.

Дека решението изготвено за Јанакиески во брзањето било употребено и за Божиновски може да се види од приложените документи подолу во текстов.

Кирил Божиновски во моментов е опфатен само во еден еден предмет на СЈО, во „Титаник“, а не во предмети, како што пишува. Во повеќе предмети на СЈО е обвинет Миле Јанакиески.

                                                                                                                                        Решение за Кирил Божиновски

                                                                                                                                      Решение за Миле Јанакиески

Алексиќ: Јанакиевски и Божиновски не дадоа никаква причина ни повод за да им се одреди мерка притвор

На новинарско прашање што разговарале претседателот Ѓорге Иванов и Миле Јанакиевски, адвокатот Сања Алексиќ вели дека конкретно не знаела за што зборувале тие.

-Јас конкретно не знам за што разговарале тие, меѓутоа после даденото соопштение од кабинетот на претседателот на Република Македонија кое беше објавено во текот на минатиот ден е јасно дека не станува збор за некакви посредници и валидни службени белешки на основа на кои овој суд определи притвор како на обвинетиот Миле Јанакиевски така и на обвинетиот Кирил Божиновски, ова вчера пред судот го изјави Сања Алексиќ адвокатот на обвинетите Јанакиевски и Божиновски.

Таа додава дека одбраната секогаш соработувала со СЈО и сметам дека ваквото донесено решение со кое што се определува притвор за двајцата обвинети е повеќе поради неприсутноста на Никола Груевски, меѓутоа и судот во Стразбур по однос на истото има став дека однесувањето на сообвинетите не претставува основ за да се определи притвор на некој друг, во конкретниот случај ниту на обвинетиот Миле Јанакиевски, ниту на Кирил Божиновски  кои што не дадоа ниту причина ниту повод да се определи притвор, бидејќи доследно и без прекорно ги почитуваа мерките на претпазливост кои што беа определени во текот на јули 2017 година, што значи повеќе од една година.

-Поднесовме и жалби како за Миле Јанакиевски така и за Кирил Божиновски во текот на претходниот ден и побаравме јавни седници во кои што ќе си ги истакнеме своите желби, потенцираше Алексиќ.

Власта фатена во лага: Дали е можно Спасовски да собирал информации за Јанакиески, а да не знаел ништо за Груевски?!

Во однос на Груевски повеќе од јасно е дека човекот кого со месеци го следат безбедносните служби, за кого одредени медиуми пишуваа и најсочни детали со кого се среќавал, што зборувал на средбите, како зборувал, невозможно е да избега со сопствени сили и без знаење на Заев и Спасовски.

Она на што треба да се стави акцент по заминувањето на Груевски од Република Македонија е политичката заднина и последиците од неа.

Несомнено е дека заминувањето на Никола Груевски ѝ стави црна дамка на политичката и професионална кариера на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, иако на дневна основа Спасовски се обидува да спаси дел од она што останало со префрлање на топката во судот.

-Размислувам во однос на одговорноста на оние на кои им одредуваат притвор на лицата за кои постои опасност да избегаат. Ги пуштаат слободно да се движат низ државата, слободно да ги обавуваат сите работи кои ги обавуваат и на крај кога се носи пресудата тие не се во притвор за да можат да бидат обезбедни, иако се со повеќе кривични дела. Замислете, притвор се одредува за случаи на разбојништво и тешки кражби, а за вакви случаи не се одредува. Полицијата работи исклучиво по наредбите кои ги издава судот и таа без наредба не може да следи кого било и постојано да биде присутна со него, околу него само заради тоа што се води судска постапка против него, рече Спасовски.

Но останува неодговорено прашањето како МВР не знаело за движењето на екс премиерот додека биле употребени посебни мерки за да се следи движењето на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во кои стои дека тој подготвувал бегство и кои како доказ биле прифатени од судот да определи мерка притвор.

Во истата стои дека обвинетиот Јанакиески преку посредник барал да биде амнестиран од Претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, за што веднаш од претседателскиот кабинет беше испратен демант.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија: Дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори?

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија e згрозен од содржината на јавно објавеното решение за притвор на лицето Кирил Божиновски, каде се цитира идентична службена белешка на УБК, како и во случајот на Миле Јанакиески.

Нивното вчерашно соопштение, го пренесуваме во продолжение: 

На идентичен начин се злоупотребува Претседателот на Република Македонија. Единствената разлика во содржината на цитираната белешка е што во првиот случај се посочува на остварена средба со посредник на Миле Јанакиески, а во вториот на средба со посредник на Кирил Божиновски.

Категорично ги негираме изнесените наводи во службената белешка на УБК и информираме дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Кирил Божиновски, ниту со негов посредник. Негираме и дека е остварена средба со посредник на Миле Јанакиески.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија јавно прашува дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори?

Јавно ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Управата за безбедност и контраразузнавање да одговорат врз основа на што се следат активностите на Претседателот на Република Македонија и неговиот Кабинет, од страна на УБК.

Врз основа на ова, ги повикуваме собраниската Комисија за надзор над работата на УБК, Советот на јавни обвинители, Судскиот совет и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации да утврдат одговорност за целиот случај и да го известат Претседателот на Република Македонија.

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија нема добиено одговор за барањата упатени вчера, до министерот за внатрешни работи, до директорот на УБК и до претседателот на Основниот суд Скопје 1, за достава на службената белешка на МВР-УБК, која е со лажна содржина и наведува на сомневање дека се следат активностите на Претседателот на Република Македонија, а воедно е употребена како аргумент при определувањето мерка притвор на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски.

Информираме дека за овој случај, Кабинетот на Претседателот на Република Македонија извести странски дипломатски претставници во Република Македонија.

Стоилковски: Решението за притвор на Јанакиески и Божиновски е доказ дека во Македонија нема правда

Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и нивните семејства се жртви на политички прогон, терор и одмазда. Решението со кое што им се изрекува притвор на Јанакиески и Божиновски е доказ дека во Македонија нема ни правда, ни правна држава. Во Македонија владее хунта која ги злоупотребува институциите што се политички нагазени од аболицираниот Зоран Заев, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Тој посочи дека двете решенија се доказ дека Македонија се враќа 70 години назад во 1949-та година.

-Без докази, без аргументи, без каква било желба да се проверат фактите судот изрекува притвори врз основа на службени белешки фингирани по желба на нарачателот. Не се проверува ни дали се веродостојни, ни колку се веродостојни. Доволно е да се нарача некој службена белешка и „Кацарска судството“ да стави некого во притвор или затвор. „Кацарска судството“ не го интересира тоа што е измислено дека на средбата кај Претседателот Иванов се зборувало за амнестија, а не го интересира ниту да провери и да потврди дека УБК измислила дека Јанакиески и Божиновски имале сметки во странство, вели Стоилковски кој посочува дека деманти за политичката конструкција на УБК пристигнаа уште веднаш и од страна на претседателот Иванов и од страна на политички прогонетите.

Партискиот портпарол додава дека дека двете копи/пејст политички решенија откриваат огромен скандал.

-Двете политички решенија се доказ дека се злоупотребува Управата за безбедност и контраразузнавање. Службената белешка покажува дека се следи претседателот Иванов и неговиот кабинет, а се следат и поединци кои биле таргетирани од криминогената и одродена власт. Кој ја издал наредбата УБК да го следи Претседателот Иванов и неговите активности? Какви се службени белешки има УБК собрано за работењето на Претседателот Иванов и какви конструкции подготвуваат? Кои се други лица се предмет на следење од страна на УБК и кој ги прави списоците на политички неподобните кои треба да бидат следени? За ваквата злоупотреба на институциите мора да има одговорност! И аболицираниот Заев и министерот за прогон и терор Спасовски тврдеа пред јавноста дека немале законска основа да го следат Никола Груевски, бидејќи судот не им дал наредба за тоа. Кој дал наредба да се следат Иванов, Јанакиески и Божиновски. Аболицираниот Заев и министерот за прогон и терор Спасовски мора да понесат одговорност и да си дадат оставки. Мора да овозможат институциите да се консолидираат и да почнат да работат според законот, нагласува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој вели дека циркуските образложенија на Зоран Заев дека Никола Груевски бил киднапиран се уште едно потценување на граѓаните.

-Наместо да бара одговори од Унгарија, аболицираниот Заев и министерот за прогон и терор Спасовски треба да почнат да даваат одговори, да се извинат на македонската јавност и да си заминат. Никој не верува дека Никола Груевски бил киднапиран, но доколку Заев е убеден во ваквите измислици треба уште веднаш да си поднесе оставка заедно со Спасовски бидејќи дозволиле да се случи такво нешто, нагласи Стоилковски.

Најнови вести