На 18.11.2018 година во 23:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино на улица „Иван Козаров“ во Скопје дошло до расправија помеѓу А.Ш.(29) од Штип и С.Ц.(23) од Скопје, по што А.Ш. извадил нож и му се заканувал на С.Ц.
Веднаш се преземени соодветни мерки од страна на полициски службеници и А.Ш. е приведен. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.