петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Со повеќе настани во Скопје и Битола ќе се одбележи Денот на албанската азбука

Со повеќе настани во Скопје и Битола ќе се одбележи Денот на албанската азбука

Со повеќе настани во Скопје и Битола под мотото „За нас сонцето грее од запад“ кои ќе се крунисаат со концерт на албанскиот виолинист Шкелзен Доли во Скопје заедно со Македонската филхармонија под диригенство на Михаел Мацијашчик од Полска утре и задутре ќе се одбележи Денот на албанската азбука и 110-годишнината од Битолскиот конгрес.

Одбележувањето ќе почне утре во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците со доделување на признанија и предавање на тема „Непознатото потекло на химната на албанската азбука“, а ќе заврши со концерот на Доли во четврток во Македонската филхармонија и изложбата на архивски документи „Една нација, едно АБЦ“.

-Одбележувањето го симболизира денот кога интелектуалните потенцијали  на Албанците од сиот свет се соединија во насока на унифицирање на својата азбука какао историска точка за интелектуалното, културното и етничкото соединување на сите Албанци. Фактот што пред 110 години овој историски настан се случил токму во Битола има тежина за нас Албанците од Македонија како дел од нашиот придонес во изградба на етничкиот и национален ентитет на Албанците, порача вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција.

Тој го оцени Албанскиот конгрес како напор на прогресивните и образованите интелектуалци Албанци за да дадат цивилизациски дух на албанското образование, модернизирајќи го преку признавање на латинската азбука како азбука  за пишана комуникација.

-Денеска 110 години подоцна овој историски настан има влијание и во модерниот политички контекст кога Албанците од сиот регион, но и општо ја покажуваат својата проевропска ориентација. Токму затоа е и годинашното мото „Занас сонцето грее од запад“, нешто што е парафразирано од Наим Фрашери за историската определба на Албанците за цивилизациските вредности на Западот, но исто така ја симболизира и определбата на нашата земја и сите граѓани кон европската иднина и евроатлатнската определба, рече Османи.

Тоа, како што кажа, било главната причина Владата и Собранието да му ја доделат организацијата на Секретарјатот за европски прашања на одбележувањето на јубилејот, имајќи во предвид дека СЕП е институцијата која ги проимовира прозападните и проевропски вредности и е кохезивниот фактор на сите етнички заедници во државата.

Виолинистот Доли истакна дека му е чест и привилегија што токму нему му е доделено уметничкото одбележување на настанот и додаде дека очекува на, како што рече, „величествената ноќ“ да присустуваат љубители на уметноста и од другите земји каде живеат Албанци.

Директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците Скендер Асани посочи дека програмата за одбележување на настанот е изработена под покровителство на специјалната Комисија за одбележување на 110 годишнината од изработката на азбуката.

-Во програмата се обидовме да ги опфатиме сите етнички албански региони и сметам дека усеавме да изработиме програма која ќе биде достоинствена за да се одбележи 110 годишнината на Битолскиот конгрес и албанската азбука, рече Асани. (МИА)

Најнови вести