петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Жалбата е одбиена, поранешниот играч на Арсенал оди во затвор

Жалбата е одбиена, поранешниот играч на Арсенал оди во затвор

Фудбалерот на Розенборг Никлас Бентнер мора да помине 50 дена во затвор, откако судот ја одби неговата жалба во случајот кој се водеше против него поради претепување на таксист.

Тој е прогласен за виновен за физички напад случен на 9 септември во Копенхаген, а фудбалерот призна дека го нападнал таксистот.

Некогашниот фудбалер на Арсенал се бранел со зборовите дека сето тоа го направил во самоодбрана, но очигледно тоа не минало кај строгиот судија.

Се уште не е познато кога точно тој ќе ја отслужи 50 дневната затворска казна, но одлуката е дефинитивна и непроменлива.