петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Дисциплинска постапка за полицајци, повредиле момче додека го приведувале

Дисциплинска постапка за полицајци, повредиле момче додека го приведувале

На 21.07.2018 година околу 04:00 часот на улица „7-ми Ноември“ во Охрид, при преземање на службени дејствија во врска со претходно пријавен настан, пријавените примениле средства за присилба при лишување од слобода на Б.Н.(18) од Охрид поради давање на отпор од него.

Притоа, пријавените средствата за присилба ги употребиле несразмерно и неправилно и на Б.Н. му нанеле тешка телесна повреда.

Против осомничените полициски службеници поведена е дисциплинска постапка пред надлежната комисија за сторено потешко кршење на работниот ред и дисциплина и истите се отстранети од работното место до завршување на постапката.